Како се тренира за улога

Оние трансформации од обичен во набилдан дечко, од манекенка во супер-хероина, или едноставно - спремање за носење нешто тешко, за улога.

Тренерот на славни, Џејсон Волш покажува како ги става актерите во форма во зависност од тоа што бара улогата од нив. Некогаш е билдање 20 кила мускули, некогаш е спремање за костимографија (егзо-скелет за научна фантастика, боци со кислород за свемирски филмови, на пример), а некогаш е едноставно спремање за целодневни снимања со танцување, затоа што некој тоа треба да го издржи.

Го спремал Бредли Купер за American Sniper, Џон Красински за 13 Hours, Емили Блант за Edge of Tomorrow и Ема Стоун за La La Land.

Датумот е 28-ми декември, што значи многу е можно да сте си ветиле дека ќе вежбате од Нова година (хахааааа, цепки), па може ќе ви стави човеков нешто во глава.

Joke's on you, кај нас празниците траат до крај на јануари, така што... Па таман ќе се ставиш во ред, се вадат благца за Св. Валентин. Или пијалочиња за Св. Трифун. Значи до пола февруари. Па дури да се вратиш во колосек, благца и слави за 8-ми март. Па Велигден. Па 1-ви мај. Па дур да трепнеш, сезона на купачи.

Празниците водат активна борба против вашата линија. Никој не е крив.

Него, што беше муабетот:

28 декември 2018 - 15:03