Како се роди Фантина?

Нападот на Фантина во „Клетници“ е базиран на вистински инцидент од животот на Иго.

Одел кај уредникот и начекал ситуација каде што некој тип малтретира проститутка. Кога го одбила, ѝ бутнал снег во фустанот и ја турнал на земја. Кога тргнала да му врати, јакиот тип викнал полиција да го уапсат „напаѓачот“.

Иго бил славна личност во тоа време и сведочел во корист на жената кога стигнала полицијата, и успеал да ја ослободи. Бил ужаснат од таа нефер ситуација и помислил и дека може да има и деца што зависат од неа, па така, Фантина му се појавила во мислите.

Инаку, во филмот од 2012, Ен Хатавеј има дозволено да ѝ се шиша косата пред камера вистински за улогата. Фризерот го облекле во фустан за да ја менува актерката што требала да ја шиша и пред вклучена камера ѝ ја исекол косата.

Иако сцената ја нема во кино-верзијата, Хатавеј инсистирала сама да изведе една опасна сцена во која телото на Фантина од прозорец го фрлаат во кола. Том Хопер и продуцентите веќе имале ангажирано каскадерка и не сакале да ѝ дозволат, но ги убедила кога им рекла: „Дечки, не ме терајте да кажам… Јас сум Кетвоман.“

Хатавеј прв пат ја има видено Фантина во 1987, кога мајка ѝ, Кејт Меколи Хатавеј ја има играно на турнеја за мјузиклот. И покрај тоа што беше важна за маркетингот на филмот, ја има само 15 минути и умира 43 минути од почетокот на филмот.

13 ноември 2023 - 08:23