За Clueless, едни викаат дека не е страшно, ама на пример, незгодно е што Елтон „буквално сексуално ја напаѓа Шер“ и никому ништо. Други не простуваат така лесно.
На наводна седумнаесетгодишна Хана ѝ е језиво што Шер завршува со посвоениот брат, но она што најмногу ѝ пречи е,
„Тој завршува колеџ, а таа има 16 години, па некако ми е предаторска целата работа.“
Истата Хана сепак, е во право кога го коментира American Pie:
„Делот каде што Џим и другите машки ликови ја снимаат ученичката од странство во неговата соба е длабоко проблематичен. Филмот не ја ни есапи етиката на сето тоа, само се шегува, а дечките се „легенди“ што го средиле тоа. Ужасно нарушување на приватноста е и дефинитивно сексуален престап што ја снима, а не па што ја споделува со другарите. Нема шанси таков филм да се дозволи денес.“
За Dude, Where’s My Car?, не можат ни да замислат како би можел денес да се сними од повеќе причини. Не можат да поднесат што секоја жена главните ликови ќе ја сретнат е како да постои само за нивното лично сексуално задоволство - од нивните девојки, до девојките што ги запознаваат во текот на филмот. Негодуваат и дека сцената со „And then…?“ им е расистичка.
Наоѓаат и трансфобија - кога Џеси ќе сфати дека девојката што му танцувала во скут е всушност транс-жена - ова, според една тинејџерка, ги користи стереотипите дека сите транс-лица се сексуални работници и крадци и ја легитимизира трансфобијата.
Моронското и забавно ремек-дело Eurotrip им е уште еден проблем.
- Не им се допаѓа што сите што ги среќаваат во Европа се идиотски стереотипи и дека Американците се исмеваат со сите други нации.
- Голем дел од филмот им е како лошо напишано порно.
- Многу голи гради имало без потреба.
- Грдо им било што девојката мора да се однесува како машко за да ја прифатат.
- Купер е сексистичка свиња и не ја ни забележува ако не постои само заради неговото сексуално задоволство.
Сѐ е ова точно. И филмот е супер.
Исто и другите. Ама сето ова е само доказ колку може јавната свест да се промени за 20 години. Некогаш на подобро, ама некогаш - колку да не можеме да се разбереме.