Како да јадеш здраво без да се мачиш?

Прашањето е важно затоа што, ако сме искрени, сѐ што има предзнак „здраво“, автоматски веќе асоцира на неколку месечно измачување и откажување. А не мора да биде така.

Модерните диети често водат до претерана глад и подолг пат кон здрав начин на живот; знаат да бидат тешки за држење, а некои од нив, без разлика колку жимимајки ќе добиете од докторот што ги заговара - се штетни. Решението лежи во „подзачистување“ околу навиките што ги имаме за јадење. Без разлика дали сме почнале долг пат кон поздрав ум и тело, или едноставно сакаме да намалиме со шеќер, има неколку начини да се успее во тоа зачистување.

  • Баталете прочистување со цедени сокови, детокс и трендови за диети

Овие диети што божем „брзо поправаат проблеми“ не даваат долгорочни резултати и главно нѐ оставаат во постојана борба со глад. Здрава исхрана нѐ држи задоволени и нѐ носи на прав пат кон здравиот животен стил.

  • Буквално исчистете ги фрижидерот и шпајзот

Тргнете ја кутијата со колачиња што ви е скриена на последната полица (ќе се фатите за неа кога најмалку треба) и прочистете ги кујнските елементи за да елиминирате искушенија.

  • Размислете што јадете пред да го изедете

Една од најтешките работи кога почнуваме со здрав живот е читањето на знаците што ги праќа телото. Обрнете внимание кога сте гладни, а кога сте задоволни. Ова помага да се процени дали јадете малку или доволно.

  • Намалете со алкохол

Алкохолот е празни калории и нема хранлива вредност. Би требало да се држиме до една чаша дневно ако баш ни дошло до здрав живот.

  • Почнете да готвите и престанете да нарачувате храна

Рестораните користат повеќе сол, маснотии и адитиви во храната - секако повеќе отколку што ние би користеле дома. Готвење за себе значи контрола на она што влегува во оброкот.

  • Еден од оброците во денот нека биде од зеленчук

На жените им требаат околу 2ипол шолји зеленчук дневно. Ова се постигнува со голема салата или мешунки и плус дава чувство на ситост до следниот оброк.

21 јули 2021 - 08:06