Неделна доза ентериер:

Кај Дејвид Харбор дома

Ако го знаете ликот на Дејвид Харбор во Стрејнџер Тингс, и ако сте гледале по некој некој негов настап или гостување, веројатно би можеле и да замислите како му е дома, нели? Е па, не му е така.

Кога ќе прочиташ наслов „Во реновираниот лофт на Дејвид Харбор во Њујорк” веднаш ти се создава слика во глава на темен, груб ентериер, или можеби не баш темен, ама сигурно не ентериер што прво ти асоцира на и розево злато. 

Океј, полн си со предрасуди, кој ти е крив, ама...

Неколку минути откако ќе му влезат од Архитектурал Дајџест, ќе каже дека прво дошол во станот со дизајнер/архитект, па по малку ти станува јасно зошто има две „Дон Кихот” што никогаш не ги прочитал и тапет во ходник со тигри и јагуари што не му се баш јасни.

Исто така, видеото е доказ дека Дејвид Харбор има проблем со претставата за „мал стан”. Не мора до кај нас да доаѓа да види како живее четиричлено семејство во 40 квадрати, доволно е да се качи во такси и да дојде до овде.

Но, шала на страна, Харбор живее во многу пријатен простор. И забавно е да се слуша како го коментира тој простор.

Има причина што каучот е толкав - ќе видите што се спушта на едно даљинско...

Немаме објаснување зошто спалната изгледа како на инфлуенсерка-лајфстајл блогерка и некако ни се чини дека и на него не му е до крај јасно, со оглед на тоа што изгледа како прв пат да влегува.

Најбоље дел? 

Купатило.

Ако некој видел такви плочки низ град, да каже.

22 ноември 2019 - 14:50