Изгледа не треба да пиеме вода пред спиење

Секако дека хидрирањето е важно, но треба да се внимава.

Дали гледате да надокнадите што цел ден заборавате да се напиете вода со тоа што ќе се налокате пред спиење, па и чаша или шише ќе ставите до кревет? Некои експерти сметаат дека е ова погрешно и дека некое време пред спиење треба да се престане со пиење вода.

Причината е едноставна: претерана хидратација, особено непосредно пред легнување можа негативно да влијае на квалитетот на сонот, плус да го прекинува за трчање до тоалет.

Хидрирањето порано во текот на денот е од клучна важност бидејќи на телото му дава доволно време да ги процесира течностите и да ги намали прекините во текот на ноќта. Големи количини вода пред спиење водат до процесирање повеќе урина, што секако ни е јасно, ама она на кое може треба да се потсетиме е дека прекинување на природниот спијачки циклус може да го оштети здравјето долгорочно.

Кое е најдобро време за пиење вода?

Се почнува рано сабајле и се продолжува редовно во текот на денот. Ако сме редовни со пиење вода во текот на денот, тогаш имаме помалку потреба за компензирање со претерување навечер. Општо течности треба да се намалат, како што се ближи времето за кревет - особено кафе, алкохол и газирани пијалаци, бидејќи се диуретици и го зголемуваат производството на урина.

Наједноставно би било - да се слуша чувството на жед, а ако ретко се појавува, тогаш, да се внимава, макар и со помош од типот на дигитални или аналогни потсетници.

11 април 2024 - 00:00