Имаме нови детали за „Барби“

Режисерката Грета Гервиг се инспирирала од диско музика и од техниколор-мјузикли како „Волшебникот од Оз“.

Филмот уште неизлезен е феномен, но прашањето што често се поставува е: Како Јуниверзал успеа да ја убеди за Оскар номинираната филмаџика што стои зад „Женички“ да режира филм за пластична кукла (и за нејзиниот исто така пластичен дечко)?

И самата Гервиг била загрижена дека е филмот е од оној тип што завршува кариери, но по сè изгледа дека дејството нема да биде брукачко за режисер од нејзиниот калибар.

Инаку, сега имаме и малку содржина:

„Откако ќе ја избркаат од Барбиленд затоа што е недоволно совршена кукла, Барби се упатува во човечкиот свет да си ја најде вистинската среќа,“ пишува под првиот трејлер.

Анонимен извор за Ворлд оф Рил вели:

„Ја деконструира феминистичката иконографија на Барби и одново ја контекстуализира за новата генерација. Марго ја игра Барби со интерес и план, додека ја доведува во прашање нејзината позиција во Барбиленд и се судира со Кен околу патријархатот. Гослинг е исклучителен како Кен, веројатно најдобра изведба досега. Сите сцени ги присвојува и пее и танцува. Вил Ферел не бил олку смешен со години.“

Уште малку и сите ќе го гледаме

3 мај 2023 - 00:05