Куклата прави хаос, убива и уште се занесува по пат. Филмот е веќе најавен со трејлер, а луѓето на интернет толку се возбудија што продуцентите веќе спремаат втор дел. Овој јануари ќе влезе во кино, но интересното е што рејтингот му е ПГ-13, што значи дека може и нема да биде така громогласен ужас како што изгледа на трејлер.
Но, прво, заплетот: Филмот (чиј создавач е Џејмс Ван, ко-креаторот на Conjuring и Insidious, како и мастермајндот зад Malignant) ја следи роботичарката Џема која развива неверојатно реалистична кукла што треба да им биде најдобра другарка на децата ширум светот и да им олесни на родителите во стресот на воспитувањето. Кога нејзината внука Кејти ќе остане сираче и Џема ќе ѝ стане старател, ќе ѝ донесе прототип од куклата со име М3ГАН, за да се справи со траумата. Но, како што се продлабочува односот меѓу М3ГАН и Кејти, куклата станува сè понепријателски настроена кон секој што ќе им застане на пат - макар тоа била и креаторката.
Доаѓа на 6 јануари, значи за три дена, а ќе видиме кога точно ние ќе добиеме прилика да го видиме.
Еве го поновиот трејлер:
И уште еден „ексклузивен клип“:
И главниот трејлер, што заради рестрикциите на возраста на гледачите мора да се гледа директно на Јутјуб: