Тешко е да се пратат трендови за мода, што смее, што не смее, а деновиве она „што се носи“ се менува на секои две-три недели. Две силни генерации го преплавуваат интернетот - зумери и миленијалци - а имаат многу различни ставови околу тоа што треба да се носи. Зумерите не сакаат скини-фармерки. Миленијалците не сакаат да се вратат 2000-ти кога се работи за фармерки. А според податоци собрани од Диа и Ко., скини се враќа, и тој модел не е единствен што пак ќе го гледаме.
Според нив, во Америка моментално најмодерни се карго фармерки, вреќасти и бут-кат (сечени како за чизми). Она што им е заедничко е дека имаат божем опуштена, а сепак претерана естетика.
Освен тоа, луѓето почесто се фаќаат за светли, а и не се фаќаат само за фармерки кога се работи за тексас. Јакни, кошули и сукњи се исто така најчест избор, барем на територија на САД, ама и ние не сме баш далеку од тоа.
Сепак, класика фармерки и понатаму остануваат ненадминливи, колку сака нека се менува модата. Тие што ги родила мајка да им стојат без многу труд, веројатно не се ни оптеретени толку со „модели 2022“.