Хотелот што ја избрука блогерката

Ел Дарби е „инфлуенсер” од Велика Британија. Тоа значи дека со своето присуство на социјалните мрежи каде што брои илјадници следачи заработува за живот. The White Moose Cafe е прекрасен хотел во Даблин со саркастичен газда. И овие две страни драматично се испокараа на Фејсбук.

Во една далеку поинтересна драма од глупо реално шоу, и како што обично тоа бива на интернет, се дигна еден тон прашина околу мејлот што блогерката го пратила до менаџментот на хотелот - накратко, дали би се сложиле да ги има на целата нејзина платформа составена од блог, Јутјуб канал, Инстаграм и Фејсбук (веројатно и уште нешто), во замена за бесплатен престој. Пред да се развикаме „на што личи тоа”, во денешно време социјалните мрежи функционираат како цела индустрија и ова постои. Еднакво е важно, веројатно и поважно од реклама во весник или на билборд, од проста причина што таргет-публиката, може нема да купи весник, ама сигурно ќе поседи на Фејсбук.

Еве го мејлот:

На мејлот добива одговор од сопственикот, Пол Стенсон, кој меѓу другото го содржи следното:

„Треба многу муда да пратиш таков мејл. 

ПС. Одговорот е не.”

Стенсон ги крие податоците на Дарби, но на луѓето не им треба многу време да откријат за кого се работи. Почнуваат нели, примери за човечката природа на интернет: плукање, онлајн силеџиство, малтретирање, вреѓање, аплаузи за Стенсон, дискусии каде што воопшто не е ни прозвана. А он, така малку сељак. Да, интересно е, смешно, јак е, ама несељачката реакција би било ова да ѝ го прати само на неа. Чуму пост на Фејсбук ако тоа не е толку битно?

Дарби објавува видео со нејзината страна од приказната, кое прво не сакала да го објави, не сакала ни да пишува за тоа, ни статус, ни стори на Инстаграм, ни твит, но откако неколку блогери ѝ укажале дека тоа што ѝ се случило не е фер, сепак решила да си каже.

„Никогаш не сум се впуштала во драма,” почнува таа, впуштајќи се во драма. „Одвратно ми е што морам да го кажувам ова... Како 22-годишна девојка која има свој бизнис и го работи од дома, мислам дека немам направено ништо лошо.”

Објаснува дека ниеднаш откако го работи ова (а на тоа, новинарката која ја пренесува веста саркастично забележува дека се работи за три години работно искуство) не добила непријатни реакции.

Интересното во целата ситуација е што, без разлика што The White Moose Cafe не ја смета нејзината понуда за било како вредна, успева да насобере позамашна бројка на нови лајкови и коментари, дури и да си направи мали непријатности – мора да банира блогери што ги караат дека не смееле така да изреагираат. И додава:

„Можеби ако излезете и најдете нормална работа, ќе можете да си дозволите да плаќате за услуги како сите други луѓе.”

А еве го видеото, чисто за да имаме претстава дека некои работи едноставно постојат во новиов свет денес, без разлика дали после ќе сакаме да дискутираме дали така треба:

20 јануари 2018 - 12:55