Фина пауза од Кајли Џенер и Бијонсе

На тема „слика со најмногу лајкови на Инстаграм”.

Во моментов баш и не сме сигурни околу статистиката на сликата со најмногу лајкови на Инстаграм, ниту пак, бројката е богзнае колку битна. Битното во моментов е што вчера интернетот не го скрши ни Кајли Џенер, ни Бијонсе, а ни слаткото јајце што сакаше да ја победи првата од овие две.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

And now we’re Instagram FRIENDS too. HI INSTAGRAM 👋🏻

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Џенифер Анистон си направи Инстаграм, со прва фотографија - полн погодок и успеа да натера, до сега 9.3 милиони палци да стиснат лајк, а 7.7 милиони луѓе да ја заследат во надеж дека уште ќе им евоцира спомени од Friends (не еден коментар под сликата е вриштење im cryiiinngggg). До крајов на параграфов, патем, се направија 9.4 милиони лајкови.

Сите овие бројки се за помалку од 24 часа.

Одлична пауза од необјасниво, до степен на божество обожаваната Бијонсе и прстите на Кајли и ќерка ѝ.

16 октомври 2019 - 15:37