Филери на уши, зошто?

Очигледно на доволен број луѓе им притребало за да стане вообичаена пракса - тоа е кога ќе ти текне дека старееш и дека не ти старее само вратот, лицето и рацете, туку и ушните ресички, со проблеми како флеки, опуштена кожа и брчки ти кажуваат дека дошло време да ги боцнеш. И тоа не само со менѓуша.

Може изгледа банално, ама на многу луѓе им е проблем. Од нив, многу има и што не знаеја дека им е проблем до скоро, кога излезе епизода од Keeping Up With The Kardashians, каде што матријархот Крис Џенер кажува дека стареењето на ушите ѝ прави проблем со самодоверба. Проблемот го реши со хируршка процедура, само што, тоа е крајниот излез. Не мора секогаш нож.

„Станавме мајстори за лице, врат и гради,” почнува еден дерматолог од Њујорк, Франческа Фуско, „па природно, ушите се следни на ред.” Ушите, како и рацете те кодошат за возраста со кафеави флеки, виснување и издолжени дупки. „Сè што правам на лице, повторувам на уши,” објаснува таа, додавајќи дека цврстата кожа на ушите може да издржи сè, од Фраксел ласер, до хемиски третмани. И за таму важи мачкањето со ретинол и крема што штити од УВ зраци.

Ако не сте претерувале со лустери на уши и не ви се ресичките до земја, има многу брз начин да се усреќите.

Филери.

Ова станува сè попопуларно, барем на запад, кај нас допрва треба да се одважи некој да раскаже. Потребни се само 2-3 капки, стратешки нанесени околу дупката за менѓуши. Инекциите спречуваат кинење и проширување на дупките, плус повеќе поддршка за тежок накит.

Реално, не е овде дојдено само до аздис и ботокс без причина. Менѓуши се супер ствар, а сигурно можеме да наброиме барем 5 жени што се пожалиле на ова.

Мотајте кај 1:00 минута:

18 јануари 2018 - 10:22