Во Флорида се протестираше против носење маски, имаме и ние такви да ги ринеш со лопата, има такви по цел свет, па во средата Фејсбук објави почеток на информациска кампања која ќе ги потсетува корисниците да носат маска кога излегуваат. Во изјавата на компанијата стои дека ќе праќа порака на њуз фид и (и на Инстаграм) за да ги потсети луѓето да го покријат лицето и ќе ги упатува подалеку од лажни вести, кон „КОВИД-19 Центар за информации“, кој ќе содржи и линкови до официјалните препораки за спречување на зараза.
Овој развој може делува минорен, но е чекор во вистинска насока, како дел од поопширен потег на социјалните мрежи да ги сузбијат теориите на заговор и штетните лажни информации што цветаат за време на пандемијава.
Твитер така се закара со Доналд Трамп, откако му маркираше еден пост како „манипулативен медиум“, а една објава на Фејсбук што потекнуваше од погрешна информација беше означена со „може да е лажна вест“.
А со потсетниците на Фејсбук и Инстаграм стои и константниот потсетник - колку е важно да се заштитиме и себеси и другите, со наједноставно покривање на лицето.
Носете маска.
Види и: