Елизабет од Њујорк

Нејзината приказна е дел од серија на Humans of New York, со главна цел да се претстави еден од неговите најголеми адути - луѓето. А Елизабет живее во бојата на зеленото срце-емоџи.

Замислете, Њујорчанка што не среќава негативни луѓе.

„Не е моментално, туку нешто што го правиш постепено. Почна само со зелени детали. Ќе помешав зелена боја во лакот за нокти и ќе ставев зелени прамени во косата.“

„Има едно мало школо карши нашата куќа. И кога и да го шетав кучето, забележував дека децата реагираат на зеленото. Ми мавтаа по малку и срамежливо. О, колку сакам деца. Мали, среќни луѓе. Колку се природно присутни. И многу сакаат зелено, ги привлекува. Децата секогаш ми носат зелени нешта, ми оставаат писменца во сандачето.“

„Понекогаш не можам ни да го прочитам ракописот, но многу ме усреќува. Ме усреќуваат луѓе. Секогаш се многу пријатни и љубезни. Никогаш немам сретнато негативна личност - едноставно, не се занимавам со тој дел од луѓето. Кога некој ќе ми пријде на улица, го гушкам и кажувам нешто фино. Само тоа барам. И само тоа наоѓам. Многу голема разлика прави тоа, да не си затворен. Тоа е начин на живот.

Дали си доктор, или адвокат, или зелена дама, го постигнуваш она што ти лежи на срце.“

Дома:

Не ги прават веќе вакви.

14 јуни 2021 - 12:53