„Дамер“ ѝ донесе проблеми на Кети Пери

Песната „Dark Horse“, издадена пред речиси 10 години има проблематичен стих во кој се спомнува серискиот убиец Џефри Дамер.

Серијата „Дамер“ е од скоро на Нетфликс, а ја обработува приказната за серискиот убиец Џефри Дамер, нарекуван и „Чудовиштето од Милвоки“ и „Канибалот од Милвоки“. Има убиено и распарчено 17 мажи и момчиња меѓу 1978 и 1991, му дијагностицирале неколку ментални нарушувања и гине во затвор во 1994.

Сега публиката на серијата наголемо го дискутира неговиот живот на социјалните мрежи, а на некои веќе им текнува и на Кети Пери.

Имено, во песната, раперот Џуси Џеј јасно прави референца на Дамер со стихот

„Ти го јаде срцето како Џефри Дамер.“

Сега откако се запознаени со реалниот Дамер, гледачите ја ставаат песната на тапет како „непочитување“ и „ужас“.

„Сѐ уште ме вознемирува кога ќе го чујам стихот во песната Dark Horse: Ти го јаде срцето како Џефри Дамер, секогаш ја терам ќерка ми да смени станица. Тоа е такво непочитување кон жртвите на семејствата. Се надевам дека луѓето ќе се сетат на нив кога ќе гледаат Нетфликс. Жал ми е за нивната загуба.“

Се обраќаат и директно до Кети Пери, прашувајќи како е можно да дозволила нешто такво во нејзина песна, и ја обвинуваат дека избрала да го романтизира криминалецот и неговите нехумани дела.

Пери и Џуси Џеј не се единствени со сериски убијци во стихови: Еминем, Кеша, Мерилин Менсон и Ники Минаж исто така го спомнуваат Дамер во нивни песни.

Сепак, има и трета страна- луѓе што тврдат дека ако не би смеела да се пушта песната по радија и телевизии, тогаш не би требало ни серија да има на Нетфликс.

27 септември 2022 - 16:26