Дали во иднина ќе патуваме без багаж?

Со дестинации избрани според одржливост и прогресивни тур-оператори кои ги советуваат патниците да се спакуваат лесно, можно е да не чека ултра-лајт иднина.

По ново, се внимава на јаглеродната стапка, а некои места дури и се занимаваат со идејата да забранат одредени типови багаж, што значи дека пакување 12 куфери за пат од 5 дена може веќе да престане да биде опција. Или барем, би требало.

Јапонија на пример, храбро се движи кон поодржлива авионска индустрија, а нивната национална авиокомпанија лансираше пилот-програма која на патниците што патуваат прекуокеански им дава опција да изнајмат облека однапред и со тоа да ја елиминираат потребата за претерување при пакување. Не е некое изненадување што многумина сметаат дека нема баш така лесно да им пројде.

На Алпите освен ски и борд опрема, се размислува и за идејата да се рентаат капи, шалови, очила, панталони, јакни и ракавици.

Венеција размислува за забрана за куфери на тркалца, за да се зачуваат улиците на градот, а Дубровник веќе не размислува - препорачува да се избегнуваат тркалцата, за да не се уништува историската калдрма.

„Често, патувачите знаат да дојдат со над 20 килограми багаж, преполнувајќи го куферот само затоа што платиле,“ објаснува Пипа Гандертон, директор во ATPI Halo, сервис за мерење CO2 и провајдер за одржливи решенија за патување. „Едно потенцијално решение е авиокомпаниите да понудат повеќе  категории на тежина, за патниците да бираат и за рачен и за кабински багаж. Со понуда на помали опции и патниците и дестинациите победуваат додека ги намалуваат емисиите на летот.“

6 август 2023 - 23:18