Дали оризова вода навистина ѝ помага на косата?

Не е толкава опсесија како со кокосовото масло, ама да знаете - на интернет важи дека оризова вода прави чуда за коса.

Во старите азиски култури, често се среќаваат третманите на коса со оризова вода - се верувало (и уште се верува) дека ја отплеткува косата, ја прави помазна и посјајна и помага побрзо да порасне.

Пред да одите по ориз, да разгледаме.

Дали стварно помага?

Според дерматологот Морган Рабах, оризовата вода, поточно, течноста што се добива откако ќе искиснете или ќе сварите ориз е полна со хранливи материи како аминокиселини, иноситол (за посилна коса), витамини Б и Е, минерали и антиоксиданси, па теоретски, би требало навистина да помага. Сепак, само затоа што за некого тоа важи, не значи дека ќе важи и за вас - зависи од типот на косата, текстурата, животниот стил, како ја носите, исхраната и генетиката.

Околу прашањето колку време ѝ треба на косата да порасне со користење на оризова вода и дали воопшто помага, научни докази нема, иако поединци се колнат во тоа. Контролирани студии на оваа тема не постојат, барем не доволно големи.

Има ли контраиндикации ако се користи?

Колку што има приврзаници, толку има и луѓе што не се соочиле со баш позитивни резултати - се жалат на перут, напластување протеин на кутикулите на влакната, сувост и кршење.

Д-р Рабах вели дека нема ни истражувања кои би кажале кои типови на коса треба да избегнуваат оризова вода.

Што правиме со кожата?

Докторката советува луѓе со сува кожа да бидат внимателни. Има истражување направено во 2002 кое открива дека скробот во оризовата вода помогнал да се залечи оштетена кожа кај некои луѓе што страдале од дерматитис, но додава и дека иако во одредени случаи имало олеснувања, не е исклучено дека кај некои баш поради тоа ќе се влоши.

Ако баш сте упорни да направите:

Има еден тон рецепти онлајн, ако сакате да пробате. Ако приказните што сте ги чуле или прочитале се доволно убедливи, лесно се прави: на една шолја ориз ставете четири шолји вода, зовријте го, па процедете. Или отворете Јутјуб, пишете „rice water“ и одберете си.

За крај - пробајте ако сте заинтересирани, без претерување. А ако ве загрижуваат посериозни проблеми како дерматитис или претерано опаѓање на косата, најмудро би било да побарате совет од лекар.

8 јули 2020 - 01:58