Терминот Dad fashion се однесува на мода инспирирана од татковци, и според годишниот моден извештај на Лист (кој користи глобални податоци и спомнувања на социјални мрежи за идентификација на сè што било „трендинг” за време на последните 12 месеци), баш тоа е најголемиот тренд на годината.
Според извештајот, карактеристиките се, на пример, крупни патики, размкнати џемпери и грди кошули. Процентот на пребарување на овие работи од почетокот на годинава е рипнат за 493 проценти.
Не е до крај јасно како стана толкав тренд, иако како да го спремија уште од 2017-та, со изразот што го измисли Вог - dadcore, а и со целото постоење на Баленсијага во последно време.
Во Њујорк Тајмс во јуни пишуваше дека сега „татковците се центар на модниот универзум”, а Вол Стрит Журнал го пофали dad - стилот за ретро изгледот кој предност дава на комфорот преку чевли што изгледаат многу ортопедски, и удобни плетени џемпери.
Тоа што од мајтап премина во тренд, може да се должи и на подемот на „модата од деведесеттите” што исто така важи за еден од најголемите трендови за 2018-та според Лист, ама тоа веќе ни беше јасно.
За највлијателни популарни фаци, Лист ги именуваше Кајли Џенер, Ким Кардашијан и Меган Маркл во топ 3, а зад нив се Карди Би, Бијонсе и Серена Вилијамс.