Сместен е во историска зграда што била фабрика во Челси, се простира на 560 квадрати, со широки прозорци и помошно ателје вметнато во богатата квадратура. За луѓе што сакаат да забавуваат гости, се поставува прашањето како се наоѓа смисла во таа широчина. Велат:
„Свесни сме дека е луксуз,“ а Лафорс, кој е маркетинг маестро додава и дека го замислувале како простор за добротворни забави и собири. „Би било штета да не не се употребува.“
Затоа го имаат викнато пријателот и дизајнер Фернандо Сантангело, но тој во моментот не примал нови клиенти, па отишле „кај финото дете од карши“.
Финото дете од карши е Рајан Лосон, долгогодишен, а не толку познат визионер на њујоршката дизајнерска сцена. Со него, бојата станува сопствена просторна рамка, палетата станува идиосинкратична, а богатствата за откривање во просторот - многубројни. Лафорс и Хендерсон имаат занимлива колекција, од бувјаци, до парчиња со педигре.
„Создадовме стан кој беше доволно убав и робусен за себе, но охрабрува еволуирање на колекциите со време,“ вели Лосон. „Кога имаш софистицирани клиенти, можеш да донесеш покрупни идеи и поезотерични референци. Јас не дизајнирам од ништо. Јас ткаам нешта што ги познавам и ги сакам.“
Резултатот: