Тиери Рабино, сопственикот на La Boulangerie Moderne во петтиот арондисман во Париз, за Инсајдер кажува дека иако само 5% од критиките на интернет биле негативни, сепак биле безмилосни.
Пекарата стана популарна кај туристите после премиерата на серијата во 2020. Рабино ја преземал пред осум години и без разлика што серијата значително ја зголемила продажбата, вели дека „не барал ништо вакво“.
„Некои луѓе влегуваа мислејќи дека производите ќе бидат неверојатни. Но ние никогаш не тврдевме дека сме нешто друго освен класична маалска пекара.“
Еден муштерија на пример вели:
„Славниот кроасан од Емили во Париз е најлошиот кроасан што сум го пробал во Париз и скап е.“
Друг:
„Не одете таму. Извикано е, ништо друго. Пецивата се одвратни.“
Трет вика, „Не вреди ни такси да платиш до таму.“
Меѓу понормалните коментари има еден со разочарување од неспособноста на некои муштерии да мешаат реалност и фикција.
„Серијата е проблем, не ја почитува Франција, прави да изгледаме како да не сме веќе важни и ги тера луѓето да се сомневаат во вистинските професионалци.“
Рабино сега сака комплетно да се извади од Гугл.