Да речеме дека сакате да инвестирате во ташна

Треба да биде модел што нема да излезе од мода. Треба да врвно изработена. И треба да ја задржи вредноста, без разлика што времето поминува.

Да, добра ташна е инвестиција. Па, да видиме.

Некои луѓе купуваат акции на берза, некои недвижнини, некои помагаат иновации... И еден куп ширум светот инвестираат во - мода. Особено кога се работи за безвременски парчиња од луксузни модни куќи, на кои цената во никој случај не им се намалува во текот на годините - со оглед на тоа што и се повеќе брендови се одлучија да баталат крзно и кожа - цената може да само да расте. Џефри Стар на пример има плакар вреден милиони долари, само од инвестиции во различни бои, дезени и величини.

Се разбира, вам не ви треба милионски плакар. Ви треба ташна што ќе ја носите и што ќе ја користите. Треба да се погоди, да биде по ќеиф и да се исплати.

Некои стигаат и до 10.000 долари (ПОЛОВНА!). Таков е примерот со Хермес Кели (многу мудро маркетиншки посветена на Грејс Кели) која ја работи еден човек, од почеток до краен производ. И има цака: не се продава ни на интернет ни во продавница и не можеш да ја купиш нова, освен ако не фатиш врски (баш така) кај некој што може да те стави на список.

Зошто се инвестира во Кели? Затоа што цената расте како што поминува времето.

Овде ја има и нејзе и уште 9 други предлози:

13 јуни 2019 - 13:55