Да не ве лаже Ла Мер

Нели ќе беше супер ако живеевме во свет каде што нештото што ќе го платиш 200 евра ќе биде 100 пати подобро од нешто што чини 2 евра? Супер ќе беше, ама тоа е некој друг свет. Во нашиов, Ла Мер и Нивеа се исто.

Поточно, Нивеа е подобро, според едно истражување. Чисто на кратко, фармацевт објаснува на reel на Инста како можеме да постигнеме ефект на Ла Мер, без да дадеме грдни пари за тоа. 

Еднаш веќе имавме нешто на оваа тема - Дали анти-ејџинг производите треба да бидат толку скапи? и ни тогаш доказите не идеа во полза на луксузните брендови. Излегува дека цената главно е за да се покријат грандиозните маркетинг тимови кои ја продаваат приказната, а Ла Мер има исти состојки како - Нивеа.

Верувале или не.

2 мај 2023 - 00:00