Значи: The foreskin facial. Foreskin, да, како кожата што останува после обрежување на машко бебе. Од јужнокорејско машко бебе. Facial, како третман за лице.
Како им текнува на вакви работи како излезени од Хелрејзер, бе?
Да видиме што е тоа:
Од тоа горенаведеното се прави серум. Затоа што, кој не би сакал да има кожички од повеќе бебиња во течна форма на цела фаца, нели?
Ви звучи хорор? Како оние легенди за тетки што се бањаат во крв од девици?
Не сте за обвинување. Иако не е така толку „Хостел” колку што звучи.
Еве на пример, Кејт Бекинсејл го пробала. Не е во затвор. Многу ѝ се допаднало.
Серумот со епидермален фактор на раст се прави од прогениторните клетки на човечкиот фибробласт кој, ако треба уште еднаш да повториме, го има во кожички на новороденчиња. Помага во создавање на колаген и еластин, кои прават лицето да ви зрачи.
Мириса исто како сперма.
Со едно како пенкало, на кое има многу ситни игли, се боцка лицето стотици илјадници пати. Многу боли, но помага течноста да се впие во лицето.
Се кандисавте?
Не може.
Според неколку извештаи, има список и се чека две години, а чини скоро 500 фунти. И на Кејт Бланшет и Сандра Булок им прави ќеиф.
Сериозно, да не претеравме малку со анти-ејџинг? И колку стварно тоа подмладува, па да размислиш да ставиш течни делови од јужнокорејче на себе?
Не сте вие стари. Само не сте ставиле серум од обрежана бебешка кожа.