Да донираме за Канје повторно да стане милијардер

Гледате ли со какви проблеми се бави светот?

Помина време откако Канје го загуби статусот на милијардер (сега е само милионер), а сега кога Адидас му раскина, богатството му се проценува на само 400 милиони долари.

Некои фанови се веќе насекирани, па одлучуваат да помогнат.

Постои кампања на GofundMe со наслов „Да го направиме Канје Вест повторно милијардер“ и според ТМЗ, напорите се далеку од успешни.

Имало дури и повеќе страници, ама ниедна не успеала да собере над 25 долари, а некои едвај стигале и до 5-6.

GoFundMe ги тргнале кампањите затоа што се проблематични, но и општата проблематичност на овие потези не значи дека е прв пат. Луѓето и порано се собирале со „кој колку може“ за Канје Вест.

Во 2016, Вест кажа дека должел 53 милиони долари и бараше Марк Закерберг да донира милијарда долари во негови идеи. Тогаш, брилијантната изјава му беше:

„Марк Закерберг инвестира 1 милијарда долари во идеите на Канје Вест… Откако ќе сфати дека е најголемиот жив уметник и најголемиот уметник на сите времиња.“

Тогаш Џереми Пиат собра 57.398 долари од 53-милионскиот долг за да го спаси и Канје не прифати.

„Г. Канје Вест ги одби средствата собрани во кампањата. Се радуваме што ќе споделиме дека наместо тоа, ќе бидат упатени кон една исклучителна добротворна организација, Ноутс фор Ноутс. 100% од средствата ќе одат кај надежни, млади музичари во надеж дека ќе им ги остварат соништата,“ пишуваше тогаш во официјалната изјава.

2 ноември 2022 - 23:41