Кај надреалистите се повторуваат теми како анализа на сон, алхемија, тарот, транс-состојби, сеанси и создавање на митови - и ова совршено се совпаѓа во креативниот процес на Колхун. Во многу од нејзините дела има деликатна, обмислена геометрија - таа ја вика „психолошка морфологија“.
Родена е во 1906 во Индија, а во Англија ја селат уште како бебе и детството и поголемиот дел од животот ги поминува во Лондон и Корнвол - освен периодите на формирање карактер и достигнување лични врвови во Грција и Париз.
Нејзината слика „Сцила“, насликана во 1938 е умна реинтерпретација на грчкото чудовиште кое се храни со Хомеровите морнари. Официјално се придружува на екипата на Бретон наредната година и природно се вклопува. Руши граници и работи со техники како фумаж (чад од свеќа на хартија) и декалкоманија (виткање боја и принтови на хартија или на површини). Прва користи ентописка графоманија (што е всушност фенси варијанта на поврзи-ги-точките).
Суштински дел од нејзината уметност е и пишувањето. Во Лондон имала поетски читања, а во ’55 ја објавила The Crying Wind, надреалистичен патувачки дневник за времето поминато во Ирска и љубовта кон келтската историја.
Но, повоениот надреализам бил „токсично изолиран клуб“ што стигнал до точка на вриење - ова го имаат кажано и критичарите на една изложба од 1947, користејќи го изразот „последно ура“ за надреалистите - и можеби нејзиното заминување од кај нив една година откако им се придружила пророчки укажувало на тоа.
Кога покажала интерес кон приклучување на модернистички окултни друштва, основачите на надреализмот ја шутнале. Тогаш почнала да учи од Ordo Templi Orientis и Stella Malutina. Животот ѝ продолжил понатаму - и тоа магично. Продолжила да слика и објавила необично илустрирани книжевни дела како The Goose of Hermogenes (1961) и Grimoire of the Entangled Thicket (1973) - колекција песни кои во себе го држат нејзиниот особен бренд на пасторален надреализам во рамки на традиционалното автоматско (или импулсивно) пишување.
Обичните смртници имаат среќа што Колхун ги има доживеано ’80-те, бидејќи зад себе има оставено богатство од слики и зборови. Меѓу другото, има покриено и класични тропи како нејзината претстава за Јудита кога го обезглавува Холоферн:
Не дека не сакала да им се обврзе на надреалистите - само одбила да го заузда сопствениот личен и уметнички развој и уживање е да се види алхемијата на таа автономија на платно.
„Нејзиното име и репутација не се баш познати, но заслужуваат да бидат,“ вели еден архивар на Тејт, Адријан Глу за Гардијан во 2019. „Имала многу малку соло изложби.“
Среќа па, музејот има над 5000 нејзини дела, големи и мали, зачувани се, и со малку среќа, ќе се шетаат во музеи, по градови каде што можеби во иднина ќе се најдеме.