Човек на сѐ се навикнува, па и на тешки глупости

Има некои појави во модерниов свет што се толку распространети, што веќе ни стануваат секојдневие. И само пет минути размислување да им посветиш, сфаќаш дека се тешка глупост. Како лајф коуч. Или суперхрана. Или неплатена пракса.

На Редит се појавува прашање: „Кажете измама што повеќето луѓе не сфаќаат дека е измама?“

И нишката богами, отвора очи.

Лајф коуч
Нејасни се, користат големи зборови и кажуваат некакви цифри што наводно ги заработиле, а не е до крај јасно што всушност работат.

„Улога“ во компанија
Ако нечија работа е да регрутира луѓе за „компанијата“, наместо да продава производ, а не работи во човечки ресурси, големи се шансите да се работи за пирамидална шема.

Женско штоидае
90% од производите се само во друга боја. Жилетите се најголем престап овде.

Машко штоидае
Премиум жилети, шампон, влажни марамчиња. Наплаќање 2-3 пати повеќе само затоа што е помажествена амбалажата.

Хербалајф

„Мулти-левел маркетинг е.“

Дијаманти
Многу често го има овој камен, но светскиот добавувач има монопол и ги задржува кај себе за да ги држи и цените. Смарагди, рубини и сафири се всушност поретки од дијаманти, но помалку чинат заради ова.

Суперхрана

Концептот на „суперхрана“ и „органско“ е глупост. Правам смути во кафич и луѓе доаѓаат и бутаат 1500 калории путер од кикирики и гранола, мислејќи дека е здрава храна само затоа што ставиле нешто superfood и органско во чинијата. Буквално е корфнлекс со гранола од продавница, нема да излечи рак.

Неплатена пракса
Што ви е на сите?!

Скапи ХДМИ кабли
ХДМИ е дигитално. Или работи или не работи.

25 август 2021 - 10:33