Чело е родена како Изабел Аполонија Гарсија Хернандез во Камагвеј, Куба во 1933-та. Била балерина во Народниот театар во Хавана, а кога добила тезга во бурлеска-клубот Фоли Бержер во Париз, ја напуштила родната земја за да може да искачува нови висини во кариерата.
Според приказната, Чело ги позајмува карактеристичните вртења од бурлеска и смислува движење што денес го знаеме како афро-кубанското bump ‘n grind. И поради тоа, едно списание пишува за нејзе со наслов:
Torrid Torso Tossing Pops Parisian Eyeballs with Tropical Tease!
Чело носи поинаква вечерна забава во време кога сè што е поинакво совршено се вклопува во Париз. Ја нарекуваат Џозефин Бејкер на следната генерација, заради движењата и заради ставот, бидејќи како и самата Џозефин, никогаш не се сфаќала себеси пресериозно - истовремено била и величествена и пристапна.
На филм успева со италијанскиот Nel segno di Roma („Знакот на гладијаторот”) од 1959-та, со Анита Екберг и Жорж Маршал. Има мала, танцувачка улога, ама привлекува толку внимание што ја има на постерот со Екберг. Има зошто:
Понатаму снима уште италијански и американски филмови, а Холивуд во тоа време е рудник на долги, детални танц-сцени.
Еден од нејзините големи пресврти е кога Че Гевара лично „ја премолил да се врати во Куба кога се вжештила револуцијата. Одбила и продолжила да живее во Рим, да работи на филмови и да додава на нејзиниот растечки репертоар. Кога завршиле ’60-тите, решила да се смири во Италија со сопругот Алдо Помилиа, продукциски менаџер и продуцент со кој се запознала додека го правела интензивниот Пустинска војна во 1962-ра. Се фокусирала на телевизија, на бизнис за одгледување мачки и во моментов наводно живее во Тоскана и раководи со хотел со четири ѕвезди што ни од Messy Nessy Chic не можат да откријат каде е (а обично им се специјалност вакви работи!)
Во меѓувреме, еве ја, во шпагети-вестерн, еден од последните филмови од нејзината 10-годишна кариера.