Бибиси-спојлерот за Евровизија 2023

Греам Нортон требаше свечено да објави во кој град ќе се оддржува Евровизија 2023, со тоа што уште пред да каже, сите можеа да видат.

На Уан Шоу, се чекаше објавата дали градот-домаќин ќе биде Ливерпул или Глазгов, откако се дозна дека Украина нема да може да прима гости од познати причини.

Претставници од двата британски градови што влегоа во потесен избор од претходните седум, се појавија во живо на видео-врска, а Греам Нортон се вклучи меѓу водителите во студиото за да го открие домаќинот.

Сепак, резултатот се откри пред време, бидејќи гледачите можеа со малку напор, да прочитаат што пишува на пликот во кој беа скриени деталите за победничкиот град.

Си пишуваше „Ливерпул 2023“ и тоа никој не го забележал, ни од режија, ни од екипа, ни од водители.

Инаку, Бибиси инсистира дека иако ќе се одржи во Британија, сепак „ќе бидат посветени да овозможат вистински уникатен натпревар што ја слави прекрасната Украина, како и британската музика и креативност во сета своја разноликост.“

Нортон потврди и дека финалето ќе биде во сабота, 13 мај, 2023.

 

10 октомври 2022 - 00:01