Бездомнички и убавина

Веројатно последните два термини што би ги споиле, но секакви феномени има по светов, па така и - бездомнички што се грижат за својот изглед.

Лесно е да останеш бездомник, според Ариен, девојката што е центар на внимание во краткото филмче. Ти ја качуваат киријата, остануваш без работа и честито - бездомник си. Ова во Лос Анџелес, кај нас не баш, со оглед на тоа што нашиот менталитет дозволува обавезно да имаш роднина што ќе те прибере. 

И кој би рекол, дека кога животот ќе ти приреди таква говнарија, ти ќе најдеш елан и ентузијазам за - разубавување?

Живеат во шатори под мост. Има и парови. Кога ќе ја видиш пред камера, немаш впечаток дека живее под мост. Се тушира понекогаш во црква, а понекогаш со влажни марамчиња. И има неочекувано чисто лице.

(Замислете, о жени, што не вадите шминка пред спиење - ако може девојчево, можете и вие!)

На прашањето „зошто?”, одговорот е многу едноставен. Шминката ја тера да заборави дека е бездомник. А и луѓето ја третираат поинаку.

„Без разлика дали живеам внатре или надвор, сè уште сум човечко суштество и сè уште имам потреби.”

Сенката на очи ѝ помага да ја оддржи врската со општеството. Но не ја заштитува од реалноста на улица:

29 мај 2019 - 19:50