Бејвоч, ама да биде италијански

Тешко се наоѓа позгодно и попрактично од на Памела Андерсон униформата за спасител на плажа. Е па, сега е преведена на италијански.

Општеството заслужува освежување баш на оваа тема, особено кога веќе купачите во последниве години станаа премногу комплицирани - значи до селотејп во боја стигнавме, како да ви кажеме. Се носат гаќите горе, градниците долу, се врзуваат чудни врвки, се комплицира - а попаметно од Бејвоч не се смисли.

До сега.

Размислете за овој едноделен костим за капење. Не дека не сте виделе ваков, туку дека Версаче го преведе на италијански. Штом е Версаче преведувач, тогаш нема прерамки од истиот материјал, туку од златни синџири, што му даваат примена и надвор од плажа.

Преводот чини 850 долари.

Океј, сега со овие податоци, можеби не е попрактичен од униформа. 

Ама сепак:

Има и црна и тегет верзија, ама не се Бејвоч, ама се одлични:

извор

22 јули 2021 - 07:19