Баленсијага сега има софа

Во соработка со рускиот дизајнер на мебел Хари Нуриев, Баленсијага направи - софа. Проѕирна. И ја наполнија со непродадена облека.

Сега претставува уметничко дело кое треба да еколошки да освестува.

„Софата на Баленсијага одново го измислува ова парче мебел, и тоа како пример за грижа за природата, со тоа што на генерации облека и други материјали им дава нов живот,” пишува во објавата на Баленсијага. „Инспирирана од класични модели, софата е наполнета со парчиња облека кои се оштетени или од други причини не можат да се продадат, обложени со транспарентен винил, плус остатоци, исечоци и етикети, како еден микс од изминати сезони и идеи.”

После прикажувањето, изјавија дека „е со намера да се охрабри одржлива пракса и во дизајн и на било кое друго поле”, притоа рефлектирајќи го нивното „препознавање на одговорноста со која дизајнерите мораат да го балансираат нивното влијание врз околината и посветеноста на имплементирање програми кои искористуваат отпад и придонесуваат кон циркуларната економија.”

Инаку, ова не е прва соработка меѓу Нуриев и Баленсијага - минатата година ја креираше „канцеларијата” - скулптурална инсталација со класичен стол, голем климатизер и фотокопир и секое парче го имаше логото на Баленсијага.

11 декември 2019 - 23:19