Америка има проблем со шопинг

Иако видео-дискусијата подолу се однесува на Америка, веројатно лесно можеме да заклучиме дека - светот има проблем со шопинг.

А проблемот доаѓа од фактот што - никогаш не било полесно да се пазари. Нема одење до стоковна куќа, шуткање меѓу закачалки и тезги, па чекање ред за каса, и тоа само во одредени саати. Неколку кликови нè делат од она што всушност се крие зад проблемот што луѓето го имаат со шопингот - допамин.

На чело со трендот наречен haul, кога јутјубери отвараат секакви некои пакети пред камера, полни со ствари што ги купиле затоа што „зошто да не” и секакви невозможни гаџети што упорно се багатела, без разлика што треба да го пропатуваат пола свет за да ни стигнат до дома, светот, не само Америка - има класичен, зависнички проблем:

17 јуни 2019 - 02:48