Прв пат е произведен пред 60 години, а сега Мател слави роденден со нова кукла (внимавано да личи на старата) по цена од 55 долари и ограничува по две кукли од нарачка (од човек).
Распродадени се.
На Вики Фандом пишува дека е прв пат на продажба од 1964, како „најдобриот другар на Кен“. Името го добил по зетот на Рут Хендлер, ко-основачката на Мател и многу било важно дека му одговарале и алиштата на Кен. Бил и дел од комплетот Wedding Party Midge, но „се женел“ за лик со име Вики.
Во 1992, оди во комбинација со Миџ, контроверзната кукла што „раѓаше“ близнаци, ама само во каталог. Не ги видовме, и тоа нормално, затоа што на сите им беше бизарно „Барби што раѓа“.
He's just Alan.