Ако веќе сакате отворен брак

За тие што се договориле дека нема потреба да се преправаат, или едноставно заинтересирани за не-моногамност, има барем 7 правила.

Не е само изводење, ние сме најверојатно назад (и тоа е во ред) - Генерацијата З веќе ги истражува опциите за отворени врски. Кои се правилата за да се изведе тоа како што треба?

Договорете се зошто го правите тоа
Ако размислувате да го отворите бракот, најважно е да се си го поставите прашањето - зошто? Зошто вие сакате? Зошто партнерот сака? На што се надевате? Од што се плашите? Ако ги разјасните овие работи, имате стабилна основа за истражување. Причината може да биде бисексуалност, или можеби имате различни либида, па сакате да си овозможите услови. Во вакви случаи, „отворањето може да биде шанса сечии потреби да бидат задоволени на здрав начин од кои двајцата партнери ќе имаат придобивка, а притоа да не се оштети односот.

Немојте да мислите дека ова е решението за сите проблеми
Само затоа што новиот договор ќе функционира шест месеци, не значи дека и двајцата партнери ќе бидат вечно задоволни. Треба да се договорите што точно за вас значи отворен брак, кои се црвените линии, колку време ќе си дозволите за екскурзии...

Не очекувајте партнерот да ви ги чита мислите
На пример, пријател/ка го гледа сопругот на дејт во ваш омилен ресторан. Се имате согласено дека јавни места се дозволени, ама па не мора омилениот ресторан. Не претпоставувајте дека изборот е направен со зла намера, вашиот партнер не е видовит. Ако ви пречи, кажете дека ви пречи.

Не почнувајте со „да видиме како ќе оди“
Ова може да е контраинтуитивно, ама „терање“ и учење по пат може да биде штетно за бракот, отворен или не. Поставете јасни граници и токму тоа ќе ви даде најголема слобода.

Пробајте да најдете луѓе што се на иста бранова должина со вас
Ова не треба да биде секташење, напротив, би било фино да се дружите и со луѓе што нема да ве гледаат попреку или да ви судат за начинот на живот.

Одлучете колку сакате - или не сакате да знаете
Колку сакате да знаете за искуствата на партнерот? Колку сакате тој/таа да знае за вашите? Пријатно ли ви е да ве видат во јавност со друга личност? Ви треба ли оправдување?

Звучи језиво сево ова? Малку да, ама па, многу бракови се отворени, само што не знаат сите инволвирани.

5 април 2024 - 11:55