Ако сакате добра храна, бирајте ресторани со 3,5 ѕвезди

Еден дечко на ТикТок има вирално видео заради една одлична поента околу бирањето ресторани според рејтинг.

Обично се фаќаме за најфалените - и има логика - бараш услуга, одлична храна, атмосфера, и така натаму. Ама бидејќи би требало да сме интелигентни суштества што би требало да знаат да се служат со логика, не е лошо да навлеземе подлабоко во текстуалните критики на рестораните и да видиме што точно го прави добар или лош.

Виралното видео има над 8,5 милиони прегледи и вели:

„Најлесен начин да најдеш автентична кинеска храна, под претпоставка дека живееш во голем град, е да одиш на Јелп и да бараш ресторани со 3,5 ѕвезди.“

Причината се објаснува со примери - на ресторан со 2,5 ѕвезди очигледно нешто му фали. Ама со 4 или повеќе, значи дека на премногу белци им се допаѓа. Услугата е добра, а храната не е толку добра колку што може да биде.

Ако отидете таму каде што се 3,5 - најчесто ќе забележите дека храната не ја закачаат, ама затоа се жалат од услугата. Поентата е што во автентичните ресторани, не само за кинеска туку и друга кујна, вработените не се комплетно претворени во совршена услуга - повеќе време посветуваат на храната, а многу е веројатно дека ќе ја почекаш, дека нема да облетуваат со бокалчиња вода, или да те прашуваат дали е сè во ред.

Од тие што коментираат, една вика: „2,8 за јамајкански ресторани. Ако не добијам едно Што е бе, девојче? како да го прекинувам во нешто, ич не ни јадам.“

Вонг, авторот на видеото вели:

„Културолошките очекувања за услуга се поинакви во Азија. Нема да ти приоѓаат. Нема цело време да ти ја дополнуваат чашата. Ќе мораш да ги викаш да дојдат. Луѓето на Јелп се неподносливи. Ги плукаат рестораните затоа што услугата е лоша. Но бидејќи храната е добра, се балансира со лошата услуга и затоа имаат по 3,5 ѕвезди.“

12 септември 2023 - 00:00