Ајде да разговараме за јакнава

Знаете како се модерни напумпани, оверсајзд јакни, за монтките од ’90-ти да можат вода да им носат? Е па, ова е некст левел.

Дизајнерот за мажи Крег Грин направи свој придонес за „Genius” проектот на Монклер со јакна што може да послужи за патување - ама не само за да те стопли.

Покрај тоа што е надополнување на моделите што го голтаат тој што ги носи, имаат некакви панели на вратот рацете и нозете, патенти што се извлекуваат и се кријат и некакви каивчиња и џепчиња. На овој начин, може да се доведе до големина на вреќа за спиење, и на истиот начин и да е спакува.

Кога ќе ги здиплиш ракавите позади и ќе ја снема капуљачата во нејзино џепче, парчињата се виткаат и се закачуваат со црни каиши, на пример. И други ситници што се позајмени од камперски живот и што некако се дефинитивно ПРЕНАПОРНИ за едно одење до продавница.

За ова да личи на нешто, Монклер се обидува да ги протури сите непотребни делови од јакната како „мода”, што, веројатно во ова време на „сè се важи” најверојатно и ќе помине.

„Монклер има долга традиција, но сепак прифаќа промени,” ја објаснува креаторот неговата соработка со брендот. „Сакаат експериментален пристап и не се плашат да преземат ризици, што ги прави одличен партнер за соработка.”

Па, ако ништо друго, топло ќе ви биде.

Плус, на времето кога ви купуваа монтки 6 броја поголеми, за да ги носите од 1-во до 7-мо, не само што биле практични - пред времето биле.

16 декември 2019 - 12:13