Ајде да гледаме стан од ‘30-те во Полска

Ќе се преправаме дека сме го купиле.

Всушност, го купила Каролина Зебровска, и тоа најзаслужено во свет - тоа е истата личност што детално и историски точно го реконструираше фустанот на Снежана, што ги анализираше фустаните од Бриџертон, и што даскалски ги коригираше сите „100 години тоаитоа“ видеа.

Е сега, проблемот. Да се купи стар стан, нереновиран, за да можеш ем поевтино да поминеш, ем да го реновираш како што ти е тебе фино.

Проблем: И на сопствениците им е поевтино да реновираат, а пофино така реновиран да го продадат поскапо.

Зебровска наоѓа еден, го гледа на слика и сфаќа дека е тоа - тоа. Од сосема легитимни причини.

Двојни врати.

Знаете ли вие колку станови од пред земјотресот се продаваат во Скопје со двојни врати? И високи тавани?

Нејќете да знаете.

Да си погледаме. Скапаница е, ама опциите!

 

7 септември 2022 - 12:37