Сме објавиле неколку, на пример 100 години ритуали пред спиење, или 100 години женски патики. Уште откако се појавија овие клипови во 2015-та, беа толку гледливи и забавни што нема медиум (добро има, ама така е зборот) што не се фати за нив. И ги покрија сите можни теми што можеа да се покријат, частејќи ја публиката со ете, уште една ствар што претрпела сериозни промени од почетокот на минатиот век до сега. Кликаш плеј, чекаш да дојде декадата што ти е најпозната тебе и се радуваш.
Една Каролина Зебровска има нешто да каже. На пример дека секогаш ги грешат првите декади на минатиот век. Дека во секое видео има проблем, не толку од креаторите туку во недостатокот на комуникација меѓу членовите на екипата, или можеби недоволно истражување.
Почнува кај фризурите и не ѝ е јасно што има тука да се „зачинува”, ниту пак зошто едноставно медиумот не најми винтиџ фризер. Има такви, само не кај нас.
Да видиме: