А зошто?

Космополитен сака да ви предложи да пробате „хеликоптер-поза“, а ние уредно ќе ве потсетиме дека физикална терапија може да биде скапа работа.

Што е ова и како се прави? Дали воопшто треба да се пробува? И што е најважно прашање, што ги засенува сите други прашања на темава - зошто, побогу?

Гуди Хауард, секс-едукатор за Ројал вели дека позата „не е за оние со слабо срце“, ама не кажува дека најверојатно не е ни за со слаба кичма, врат и сѐ друго што може да настрада од оваа вратоломија. Се работи за една од оние пози што „се прават затоа што (најверојатно) ти се може и е од истиот список каде што се вертикалната 69 и други неверојатни маневри за авантуристи, атлетски спремни и храбри парови.

„Хеликоптер“ значи мажот да лебди во воздух, во еден вид планк, со пенисот во „било која достапна дупка“ (така пишува, озбилно) на партнерката под него.

„Пенетрираниот партнер се потпира на рацете и колената, како за кучешка поза, а партнерот што пенетрира застанува на раце и колена, па ги поткрева нозете над грбот на другиот и влегува. Горниот партнер ќе биде во висока планк положба и ќе се држи или со раце или со лакти,“ објаснува Татјана Дјаченко, секс-терапевт во Peaches and Screams.

Сѐ уште никој не објаснува зошто да си го доведете животот во опасност, но продолжуваме:

„Важно е да се оди полека и да се биде сигурен дека си стабилен,“ вели Дјаченко. „Не е лесна поза за пробување (ма немој?!) и треба вежбање за да се направи како што треба. И за да влегува и излегува, горниот партнер ќе треба да прави мини-склекови, па потребни се и јаки раце за да биде успешно.“

Има и начин да се направело поудобно:

„За да биде поголемо уживање за сите инволвирани, најдобро е да се направи со лежење,“ се надоврзува Хауард. „Ако телата ви се големи, притисокот од тежината можe да биде поголем, поради аголот (јее, уште начини да се скршиш!), па не се плашете да исражите начини за подобрување како перници или табуретки за да одржите рамнотежа.“

Екстра информација: ако играчите сакаат, може да биде вагинална авантура, ама наводно, ова е смислено за анален однос.

Сѐ тоа добро, ама зошто?!

28 јули 2021 - 09:50