5 знаци дека партнерот не ве почитува

Директно од адвокат за разводи.

Тие што ги интересира тајната на долготрајните љубовни врски, најпаметно е да почнат со набљудување на односи што не потрајале - вака советува адвокатот Денис Ветрано од Њујорк, кој над 20 години се бави со семејно право и разводи и има насобрано доста искуство со проблематиката.

Начини да не се почитува партнерот има еден куп, ама пет се повторуваат најчесто и опфаќаат поголем број на однесувања.

Не помага по дома
Светот е за жал уште заглавен кај „мажите како вработени, жените како домаќинки“, па сè уште се мачиме со фактот дека во денешно време обврските мораат да се поделат. Во некои (ретки) семејства, се „напредува“ и во екстрем, па буквално сè останува на мажот. Ништо од ова не функционира - обврските се делат на двајцата партнери и токму тоа значи меѓусебна почит за трудот и времето што се поминува дома.

Те прекинува
Раскажуваш нешто и во сред приказна те прекинува како да си небитен.

„Да прекинеш било кого е некултурно,“ вели Ветрано, кој тврди и дека е тенка линијата меѓу непочитување и буквална злоупотреба. „Како адвокат за разводи знам дека е ова проблемот кога ќе видам врски каде што не се слушаат меѓу себе.“

Шеги на твоја сметка
Ова е фино, во одредена мера - престанува да биде фино кога се граничи, или преминува во навреда. Едно е да кажеш, „Се оженив за неа заради паметот и лепотата, не заради пеењето“, а друго е „Кога се оженив за неа беше згодна… Се заебав.“

Повеќе ги слуша колегите отколку вас
Прашањето е, дали на работа, со надредени би се однесувал/а како што се однесува со вас? Запрашајте се и самите: Ако некој на работа ви рече „Сакам да разговараме за нешто.“, ќе застанете да слушате, или ќе завртите грб?

Не дозволува да учествувате во финансиските одлуки
Ако некој ти дава џепарлак, не те смета за еднаков партнер. Ова се врзува со контрола, и веројатно во 90% од случаите, истата личност што не те вклучува во семејните финансии, ги прави и друите грешки наведени погоре. Секоја врска е различна, но иако е во ред да имате одвоени сметки во банка и да си ги поделите финасиските обврски, дури и да сте договорени само еден од вас да ги покрива, ако партнерот крие финансии од вас, или не ве прашува за мислење, или директно ви брани да купувате нешто, проблемот е сериозен.

16 ноември 2023 - 00:01