„333“-метод за пакување од ТикТок

Го олеснува пакувањето во рачен багаж - ај да видиме. Односно, нели, тие што имаат пасоши со новото име. Другите, ќе си ставиме букмарк не е проблем.

Пакувањето знае да биде досадно и кога имаш пасош, дури и за најорганизираните. Писателиштето Џоан Дидион, во годините кога работела за магазини има интервјуирано разни рок-ѕвезди и работници во државни служби, па имала список залепен на плакар:

Ова е список што го имав залепено на внатрешниот дел од вратата на плакарот во Холивуд за време на годините кога редовно известував. Ова ми овозможуваше да се пакувам без размислување за било кое патување. Забележете ја намерната анонимност на костимот: сукња, боди, чорапи. Можев да пројдам на секоја страна на културата:

  • 2 сукњи
  • 2 маици или боди
  • 1 пуловер
  • 2 пара чевли
  • хулахопки
  • градник
  • ноќница
  • наметка
  • папучи
  • цигари
  • бурбон

 

На ова и ќе ви текне ако отворите ТикТок и го сретнете методот 333 - правило што е лесно за памтење, а е апдејт на списокот на Џоан Дидион. Овој метод диктира дека треба да спакуваш само три горни делови, три долни и три пара чевли - така, на крај имаш 21 комбинација.

Гледате? Ќе си речеш, ќе се вртка околу истите три работи, а колку многу разлика има од една до друга комбинација. Убаво изгледа и како и Дидион, може да ѝ помине каде и да се наоѓа. И кежуал и професионално, а дури и простор ќе ѝ остане во куферот, ако да речеме, посака на враќање да си купи цигари и бурбон.

Ова е тесно врзано и со модна капсула, текстот и видеото на кои што секогаш е паметно човек да им се наврати.

Што ќе спакувате?

Нели, ако имате пасош? М?

14 февруари 2024 - 11:23