19 шведски идеи за пофин живот

Со години, Шведска e меѓу најсреќните земји на светот, па може и не е така лоша идеја да видиме што тоа тие прават. 

Идеите можат да бидат едноставни и да треба една алатка (сечат пица со ножици), а може и да треба длабинско превоспитување и шамарање (и мажите и жените се феминисти).

Накратко, списокот изгледа од прилика вака:

  • Имаат посебни ќебиња на брачен кревет
  • Поминуваат време надвор
  • Не ги прашуваат луѓето која раса се
  • Не мораат да кажат кој етникум се
  • Децата ги третираат поинаку
  • Имаат едно специфично прашање пред вечера
  • Сѐ прават од нула
  • Спијат со децата во кревет
  • Школото им е полесно
  • Имаат специфичен начин на дејтање
  • Рано учат англиски
  • Повеќето не се религиозни
  • Имаат нешто што се вика Јантелаген
  • Не велат „те молам“

Прво, тоа со прашањето пред вечера е: „Има ли нешто што не јадеш?“

Замисли, те прашуваат дали има нешто што не јадеш, за да не ти го наметнат и просто да не уживаш во јадењето. За споредба, кај нас не постои „има ли нешто што не јадеш“. Има КАКО НЕ ЈАДЕШ?!

Јантелаген, пак е во основа „не се фали“ - биди скромен и не зборувај многу за себе. Ова е дискутабилна работа, како што споделува и Швеѓанката што нѐ учи на овие работи - ама па, најчесто се фалат тие што имаат глорифицирана слика за себе во главата, а и замислете колку ќе бевме пораат да не беше пола држава „фали ме усто, да не те расчепам“.

На крај, Шведска во 2021 беше 7-ма на список на најсреќни земји.

Македонија беше 92-ра.

Ај да си поќутиме.

4 мај 2023 - 00:00