Фала богу за дерматолози и филери, нели?
Имаме тука едногодишна сага, скратена на пет и кусур минути, каде што се прикажува патешествието на една жена и нејзината спремност да се боцка со игли, пегла со некакви инструменти и гори со ласери за - убавина. И тоа петнаесет пати во дванаесет месеци. Пред да почнете да ц'цкате, нека ви биде јасно дека ниедна од процедурите не е инвазивна, не бара анестезија и прави чуда за самодоверба.
И тоа не е само до лицето. И старечки флеки на раце се покриваат.
Ова Џенси Дан, главен лик во филмов и писателка за Вог решава да го прави како експеримент по повод нејзиниот 50-ти роденден. На почеток и не е така импресивно.
Ама „пред и потоа” фотографиите, во комбинација со сознанието дека - женава има цели 50 години малку и те тераат да подразмислиш, а и да почнеш да штедиш за вакви работи.
Јаготка на шлагот на крај - сликата во Вог.
Фино рековме. Да живеат и дерматолози и филери и медицина и сè.