13 занимливи цитати од кралицата Елизабета

„Ајде да не се сфаќаме себеси толку сериозно. Никој од нас нема монопол над мудроста.“

1. Кога животот е тежок, храбрите не легнуваат да прифатат пораз; наместо тоа, поодлучни се да се борат за подобра иднина.

2. Да носев беж, никој немаше да знае која сум.

3. Токму жените вдахнаа нежност и грижа во грубиот прогрес на човештвото.

4. Отсекогаш било лесно да се мрази и да се уништува. Да се гради и чува е многу потешко.

5. Како и сите најдобри семејства, си имаме свои ексцентричности, или бесни и залутани млади и семејни несогласувања.

6. Фудбалот е тешка работа, и баш се примадони, но е прекрасна игра.

7. Кукавиците се повлекуваат, но опасноста ја надминуваат оние кои благородно ќе се осмелат.

8. Не знам една формула за успех, но низ годините имам забележано дека атрибутите на водството се универзални и често поврзано со наоѓање начини да ги охрабриш луѓето да ги комбинираат нивните напори, таленти и видувања, нивниот ентузијазам и инспирација да соработуваат.

7. Во време на сомнеж и нервоза, ставот што луѓето го покажуваат во секојдневниот живот, нивните домови и работни места е од најголема важност.

8. Патот, се разбира, не е секогаш мазен и годинава можеби и беше нерамен, но малите чекори прават еден цел свет разлика.

9. Големите скокови често почнуваат со мали чекори.

10. Религијата и културата се често на вести овие денови, главно како извор на разлики и конфликти, наместо да спојуваат луѓе. А иронијата е што секоја религија има нешто да каже за толеранција и почитување на другиот.

11. Таква мешавина од традиции нѐ прави посилни, индивидуално и колективно, обезбедувајќи состојки што се потребни за општествена, политичка и економска издржливост.

12. Неизбежно е секој живот да надмине многу важни точки, мојот не е исклучок.

13. Воената генерација - мојата генерација е силна.

15 септември 2022 - 00:01