100 години модни писти

Покрај тоа што се менува модата низ годините, како што ќе забележи Каролина Зебровска, се менува и одењето по модни писти.

Зебровска ја имавме со оној генијален проект на историски точно рекреирање на фустанот на Снежана, а сега со нејзиниот осврт и повторно рекреирање на catwalk низ децениите - што било својствено за шетање по модна писта во 1920-те и како тоа се разликува со она што го имаме денес?

На пример, во ‘20-те, одот е некако приглуп и укочен, за разлика од ‘30-ти кога се поотракани, па им текнува да воведат малку драма и занесување.

Во ‘50-те настанува зачетокот на онаа сериозност и строгост што ја гледаме денес - таму почнуваат мртви-озбилни, со отсечни движења да ги шетаат сѐ похрабрите модели, за потоа во ‘60 и ‘70 да почнат да се занесуваат по малку. Во ‘80-те доаѓа „манекенското одење“, а ‘90-те што сите ги памтиме носат карактер и заводливост на сцена, па затоа и веројатно не можеме од глава да ги извадиме супермоделите од тоа време.

Од тогаш наваму станува досадничко. Ама фино е скоцкано:


Уште Каролина Зебровска:

Костимите на „Бриџертон“ се хаос и 
Проблемот кај оние „100 години XY” видеа

8 јуни 2021 - 00:00