На лансирањето претходеше обемно истражување на пазарот, инвестиции во насока на подобрување и модернизација на производствената линија, како и голем труд од страна на целиот тим.
„Овие лебови претставуваат вистинско богатство од хранливи материи, витамини, минерали, диететски влакна и здрави јагленохидрати неопходни за добар метаболизам и топ форма. Им се препорачуваат на луѓето со активен животен стил, спортисти и адолесценти како дополнителен извор на енергија, а поради нискиот процент на масти помагаат во одржување на витката линија. Консумирањето леб од интегрално брашно од цели зрна нуди и бројни здравствени придобивки поради значајната содржина на растителни влакна. Покрај високата нутритивна вредност овие лебови се меки, вкусни и можат лесно да се комбинираат со секој оброк, а долготрајната свежина се постигнува со процесот на пастеризација без додавање на конзерванси. Кафеавата боја потекнува од обвивката на пченичното и јачменовото зрно без додаток на вештачки бои“, соопштуваат од „Жито Лукс“.
Интегралниот леб - 100% цело зрно со ‘рж претставува комбинација на интегрално пченично и ’ржано брашно и е богат извор на диететски влакна и вистински избор за здрава и урамнотежена исхрана. Дополнително збогатен со пченични никулци претставува природен извор на витамин Е и придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем. Посипот од овесни снегулки ја зголемува неговата хранливост и го збогатува вкусот, поради што влијае позитивно на метаболизмот.
Интегралниот леб - 100% цело зрно со семиња е идеална комбинација од интегрално пченично и ’ржано брашно со додаток на семиња од сончоглед, тиква и пченични никулци. Внимателно избраните состојки и додадените семиња претставуваат природен извор на витамин Е, Омега-3 масни киселини, протеини, витамини и минерали кои даваат енергија, чувство на ситост и се одлични сојузници на силниот имунитет.
Состојките на интегралните лебови произведени од 100% цело зрно, како и додадените пченични никулци даваат поддршка за нормално и правилно функционирање на организмот во текот на целиот ден. Кафеавата боја што ја имаат овие лебови потекнува од присуството на трици (богати со танини, антиоксиданси, минерали, витамини и растителни влакна), ендосперм и никулци што природно ги содржи целото зрно. За време на печењето на лебот настанува хемиска реакција меѓу аминокиселините (протеини) и јаглехидратите кои образуваат кафеава боја.
Покрај високата нутритивна вредност овие лебови се меки, вкусни и можат лесно да се комбинираат со секој оброк, а долготрајната свежина се постигнува со процесот на пастеризација без додавање на конзерванси.
Жито Лукс, следејќи ги најновите светски трендови, со оваа иновација на пазарот понуди интегрални лебови наменети за целата популација, а посебно за потрошувачите кои посветуваат внимание на консумирање здрава храна и градење здрави животни навики.
(Комерцијален текст)