Заев изгуби #нефер #наместено #русите

виа

Реакции:

СДСМ: Бараме промена на комплетниот корумпиран и партизиран Нобелов комитет и назначување наш претставник на чело на комитетот.

Орданоски: Во дипломатски кругови одамна е позната замешаноста на руските тајни служби во Нобеловиот комитет и фактот дека Москва ги влече сите конци при одлучувањето;

Фрчкоски: Тетките од Нобеловиот комитет продолжуваат да работат на сопствена штета.

Пендаровски: Тоа што по македонски портали беше спомнато дека Заев сериозно е во трка за Нобелова награда, нам ни е јасен сигнал на расположението на македонското општество.

Мицковски: Мене како математичар ми беше јасно. Плус ги слушав вибрациите, плус добив навигација дека така ќе испадне. И да повторам, мене како математичар ми беше јасно.

Димитров: Конецот едвај го составивме а Норвежаните намерно ни го скинаа зошто сакаат да нè држат во изолација.

Ременска: Ако можеше нобелова награда за мир да добие Обама бин Ладен, зошто да не може и Заев?

Шилегов: Нек се моја душа смири.

5 октомври 2018 - 11:22