Виро Клао - Политички коректен

На вестите вчера ми повторно серат
За некои што парички перат, афера
Ме тера да фрлам и Те-Ве и себе
Под кебе сум, мењам канали, дали
Сите шо какат за шунд идеали, се истите мали будали, од вчера
За подобро утре што прдат а смрдат
На лаги и фалш кариера..
Си велам
Немој бе Киро бе, нем жити бога
Не се нервирај брат, пробај со јога
Пробај со алкохол, пробај со дрога
Знам немаш ти слога со совеста строга.

Стока... Личен интерес, сличен интерфејс
Спонзорд пост на интернет, на твитер, инстаграм и фејс, копи пејст.

Лоши копии од копии од копии од копии
Од копии од копии од копии, СТОЈ
Од темни фотокопири се тие мртви допири
Ко празно ехо, од модро его, Него

Сè уште децата учат кампањски
А сон им се Ролекси, скапи шампањски
Образование без образ, јутубер убер алес
Учат лекции од поткаст
Пропаст, евтина пропаганда
Нема контра банда, само проста багра
Награди ги со нова казна
Теорија на заговор е приспивната сказна.

Тикток место бритпоп, место хип-хоп фрик шоу, анадар фрик ин да мол
А пред коперации се рушат корпорации
Евтин тутун пушат, гушат со дезинформации.

Морам малце по споро, многу брзам
Флоу хорор, ја сум мрза, систем-ерор
Текстовите пуни терор.

Немој бе Киро, бе, прекини веќе
Врз црната пепел ти изразни цвеќе
Плати си данок и чекај да умреш
Вчера ко денес, и денес ко утре.

Плаќај кредит и глуми среќен
Жена, деца, бизнис, Хелекс
Лизинг, шфалерка и хипертензија
Лоша простата, но добра пензија.

И тренирај да бидеш... политички коректен

5 април 2021 - 17:44