Словенечкиот, поточно трансбалканскиот инди рок бенд Лелее (Јелена Русјан на вокал и бас, Дамјан Маневски на вокал и гитара и Леон Стоилковиќ на бубњеви) имаат нов албум. Живо, забавно, разиграно, инспирирано од музичкото минато, загледано во хоризонтот, со намера дента да ви е убаво, кога ќе ги пречекорите линиите. Бидејќи МОРА МАЛКУ ВО ЦРВЕНО.