Jack White - No Name

Без најава, без синглови и без никакви информации на винилното издание, освен натписот ‘No Name’, Џек Вајт (White Stripes) се појави со нов, добар албум.

„No Name“ е фантастично патување на Вајт низ рокот и е албум кој е спастрен така да може во транс да фрла цели арени.

Тоа е албум кој секој панкер и металец може да го гушне како свој. „No Name“ е албум кој ја враќа атмосферата на оние одлични албуми во минатото кои имаа моќ да обединат бројни рок племиња.

А сепак, беше издаден како да е дело на анонимен гаражен бенд, кој, и покрај правилата и влијанието на музичката индустрија, треба да се шири наоколу капиларно, речиси по системот од уво до уво.

Зоран Стајчиќ, Равно до дна

23 јули 2024 - 10:15